Куклена реанимaција на мртви

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Тсукими Ајано, жител на јапонското село Нагоро кое се соочува со иселување и целосно изумирање, решила да го зачува споменот од заедницата. Починатите луѓе од нејзиното село ги реанимирала со кукли во природна големина. Куклената населеност во Нагоро, јужниот дел на Јапонија, сега ги надминува бројките на населението во ова изолирано планинско место.

20160706-selo-koe-gi-zamenuva-mrtvite-lugje-so-kukli-1

 

Тсукими Ајано  има зашиено преку 350 вакви кукли за да ја запамти некогаш-расцветаната заедница. Безживотните фигури сега претставуваат повеќе од 30 жители кои живееле во селото. 67-годишната жена вели: „Откако почнав да ги шијам овие кукли, веќе не сум сама. Секој ден доаѓа да ме посети.“

Бразилски новинар и снимател на филмови Роберто Максвел го посети Нагоро за да ја запознае жената кои стои позади овие зашиени селски жители. Неговите фотографии откриваат кукли застанати на автобуските станици и собрани на семејни веселби. Дури и кукли-работници биле забележани како го поправаат патот или собираат слама./Факултети.мк