Кулеба: Ако Путин не се плаши, нека седне на маса со Зеленски

од Nikola Popovski
210 прегледи

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека Киев сака директни преговори меѓу претседателот Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Кулеба рече дека Киев сака лидерите на Русија и Украина да имаат директни разговори за војната во Украина и го покани Владимир Путин да се сретне со Владимир Зеленски.

„Ако и Путин не се плаши, нека дојде на состанок, нека седне да разговара. Зеленски не се плаши од ништо, ниту од директна средба со Путин“, рече Кулеба.

Да потсетиме, во понеделникот се одржа тричасовна рунда мировни преговори, кои завршија со мал напредок по прашањето за хуманитарните коридори за населението кое бега од подрачјата погодени од војната. Руските и украинските преговарачи ја одржаа оваа рунда мировни преговори во Брест, Белорусија.

Русија за утре најави прекин на огнот во неколку украински градови, кој што ќе започне во 8 часот по средноевропско време.

Слични содржини