Кулеба апелираше до Бугарија да и пружи воена помош на Украина

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба денеска апелираше до Бугарија, како членка на НАТО и ЕУ, да ја обезбеди неопходната воена помош за да и помогне на неговата земја да го преживее рускиот напад.

Кулеба, кој е во Бугарија од вторникот, рече дека се уште не добил јасен одговор од Софија за воената помош, пренесе Ројтерс.

„Најдобар начин да се постигне мир денес е да се застане покрај Украина, а не да се биде неутрален“, изјави Кулеба пред бугарскиот парламент на отворањето на изложбата на фотографии на која е прикажана војната во Украина.