Кулеба: Десет возрасни лица и шест деца во болница по хеликоптерската несреќа

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи A general view of the site of a helicopter crash, amid Russia's attack on Ukraine, in the town of Brovary, outside Kyiv, Ukraine, January 18, 2023. REUTERS/Viacheslav Ratynskyi

Гувернерот на Киевската област Олексиј Кулеба изјави дека 10 возрасни лица и шест деца останале во болница поради повредите здобиени во хеликоптерската несреќа што се случи вчера во градот Бровари, Украина.

„Местото каде што падна хеликоптерот е исчистено. На оштетената зграда во блиска иднина ќе се поправат прозорците и вратите. Децата од оштетената градинка сега се префрлени во блиските предучилишни установи, почитувајќи ја желбата на родителите“, напиша Кулеба во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Најмалку 14 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа вчера кога хеликоптер се урна во близина на градинка во киевското предградие Бровари.