315
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска во Брисел ги повика членките на НАТО да испратат ново оружје во Украина, вклучувајќи борбени авиони, противвоздушни системи со среден и долг дострел, проектили и оклопни возила.
Говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, Кулеба рече дека им кажал на своите западни сојузници дека им требаат три работи:
– Оружје, оружје и оружје.
Кулеба исто така рече дека „нема разлика меѓу офанзивно и одбранбено оружје“ и дека секое оружје, вклучително и борбени авиони и тенкови, може да се користи за одбрана на Украина.
-Секој што тврди поинаку е лицемерен, рече Кулеба.