309
Украина денеска побара од земјите од Г7 да го запленат рускиот имот и да му го предадат на Киев со цел тоа да им помогне да ја обноват земјата, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Тој истакна дека се надева оти Унгарија ќе се договори за ембарго на нафта од Москва со нејзините партнери од ЕУ, пренесе „Ројтерс“.
„Зборуваме за стотици милијарди долари, Русија мора да плати“, изјави шефот на украинската дипломатија.