„Оние кои преговараат со Русите не треба да јадат и пијат со нив предупреди украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
„Ги советувам сите кои учествуваат во преговорите со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо и, доколку е можно, да избегнуваат да допираат каква било површина“, рече Кулеба, пренесуваат украинските медиуми.
Тоа го изјави непосредно пред почетокот на преговорите меѓу украинската и руската страна во Турција.
Волстрит журнал во понеделникот објави дека рускиот олигарх Роман Абрамович, кој сака да посредува меѓу Москва и Киев за да се запре војната во Украина, и двајца украински преговарачи имале симптоми кои укажуваат на можно „труење“.
Ројтерс, повикувајќи се на три извори, пишува дека на преговорите во Истанбул учествува и Абрамович.
Подоцна ова беше демантирано од официјален Кремљ.