Кулеба: Мариупол може да биде „црвената линија“ во преговорите со Русија

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека во последно време нема дипломатска комуникација меѓу Русија и Украина на ниво на министри за надворешни работи и дека ситуацијата во Мариупол, која тој ја опиша како ужасна, може да биде „црвена линија“ на патот кон преговорите.

„Мариупол можеби е црвената линија“, изјави тој за CBS News.

Мариупол е под блокада на руските сили, а Москва тврди дека членовите на украинските националистички баталјони и странските платеници кои одбиваат да се предадат биле блокирани во поранешната металуршка фабрика Азовстал.

Слични содржини