Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека НАТО одлучил да се откаже од барањето Киев да го следи Акциониот план за членство (МАП), како дел од патот кон приклучување кон Алијансата.
Таквиот потег ќе го скрати патот на Украина кон влезот во НАТО, рече Кулеба.
„По интензивните разговори, сојузниците на НАТО постигнаа консензус за отстранување на планот од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ќе го забрза нашиот пат кон НАТО“, напиша Кулеба на Твитер.