98
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брза испорака на западните борбени авиони во Украина, но смета дека обуката на украинските пилоти треба да започне сега.
Кулеба за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ изјавил дека не очекува испораката на ловците да се случи во блиска иднина бидејќи, како што наведе, тоа е многу тешка задача во смисла на логистика и технологија, пренесува Униан.
„Затоа велиме дека обуката на украинските пилоти на западните ловци треба да започне сега, за кога ќе се донесе одлука за набавка на авионот, да не губиме време и многу месеци на обука“, рече Кулеба.