Кулеба откри кои две европски земји не испорачале оружје во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Австрија и Унгарија се единствените европски земји кои се уште немаат испорачано оружје на Украина во борбата против Русија, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

„Со исклучок на Унгарија и Австрија, која е неутрална земја, испораката на оружје во Украина не е табу за ниту една европска земја“, нагласи тој, пренесува агенцијата „Укринформ“.

Шефот на украинската дипломатија рече дека со западните партнери често се разговара за тоа кое оружје и кога треба да се достави и дека таквите дискусии предизвикуваат секојдневни загуби на фронтот.

Слични содржини