180
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска го отфрли отстапувањето на територии на Русија како дел од каков било мировен договор и изјави дека нема тековни мировни преговори меѓу Москва и Киев.
„Целта на Украина во оваа војна е да ги ослободи нашите територии, да го врати нашиот територијален интегритет и целосниот суверенитет на истокот и југот на Украина“, рече Кулеба на брифингот, пренесе „Ројтерс“.
Шефот на украинската дипломатија претходно денеска изјави дека Украина и Русија се на прагот да постигнат договор за извоз на жито, но на денешниот брифинг јасно стави до знаење дека пошироките мировни преговори се замрзнати.