Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека денешните руски ракетни напади низ Украина покажале дека претседателот на Русија е „терорист кој разговара само со проектили“.
„Неколку руски проектили паднаа ширум Украина. Единствената тактика на Путин е да внесе терор во мирните украински градови, но тој нема да ја скрши Украина на тој начин. Ова е и неговиот одговор на сите помирувачи кои сакаат да разговараат со него за мир – Путин е терорист кој зборува само со помош на проектили“, напиша Кулеба на Твитер, пренесе „Ројтерс“.
„Утринава Руската Федерација – терористичка држава – лансираше 75 проектили кон Украина, а 41 беше соборен“, се наведува во твитот, потпишан од началникот на украинскиот Генералштаб Валериј Залужњи.