Кулеба разговараше со Бербок за снабдување на Украина со противвоздушни системи

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави денеска во Киев дека тој и неговата германска колешка Аналена Бербок разговарале за снабдувањето со противвоздушни системи за Украина и посочиле дека на Украина и требаат повеќе системи за заштита на своите пристаништа од руски воздушни напади со цел да се обезбеди извоз на жито.

Кулеба, исто така, го повика Берлин што поскоро да испрати проектили Таурус во Украина, објави Ројтерс.

„Дефинитивно ќе го направите тоа, тоа е само прашање на време и не разбирам зошто губиме време“, рече тој како одговор на прашање на прес-конференција во Киев.

Слични содржини