158
Украина смета дека Ирак е земја способна за изградба на соработка, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба за време на неговата прва посета на Багдад од почетокот на руската инвазија.
Кулеба ова го изјави на прес-конференција по средбата со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин.
Хусеин повика на прекин на огнот во Украина, велејќи дека истата порака му била испратена и на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кога тој го посети Ирак во февруари, објави „Ројтерс“.