289
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја отфрли можноста за потпишување мировен договор со Москва во замена за отстапување на дел од украинската територија.
Тој рече дека условите за мир за Украина не можат да личат на Московскиот мировен договор потпишан во 1940 година со Финска.
„Нема да потпишеме договор сличен на тој што го потпиша Финска“, рекол украинскиот министер, пренесува Укринформ.