Украинскиот министер за надворешни работи упати „сосема едноставен“ повик до членките на НАТО да достават повеќе оружје во неговата земја за да помогнат во спасувањето животи, објави во четвртокот Би-Би-Си.
Во пресрет на денешната средба со колегите од земјите членки на НАТО, Дмитро Кулеба, рече дека украинската порака е „едноставна“ – повеќе оружје е најдобриот начин да се победи Русија.
Кулеба се среќава со колегите од НАТО на самитот во Брисел за да разговараат за тоа како најдобро да се вооружи Украина, на која и се заканува нова голема руска офанзива на истокот на земјата.
„Без одржлива и доволна поддршка во оружје“, победата на Украина ќе дојде со „огромни жртви“, им рече Кулеба на новинарите пред состанокот.
Колку побрзо и колку повеќе оружје пристигне, толку повеќе човечки животи ќе се спасат и повеќе градови ќе се спасат од уништување, на што бевме сведоци во Буча. Ги повикувам сите сојузници да ги остават настрана сите двоумења и да и достават се што е потребно на Украина, бидејќи колку и да звучи бизарно, денес оружјето е во служба на мирот“, рече Кулеба.