Фустанот што Ким Кардашијан го носеше на овогодинешниот „Мет Гала“ вреди 4,81 милиони долари и се смета за најскапиот фустан продаден на аукција.
Имено, фустанот што го носела Ким го дизајнирал Џин Луис далечната 1962 година, а Мерлин Монро го носела на прославата на 45-тиот роденден на американскиот претседател Џон Кенеди.
Фустанот во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно шиени кристали беше купен на аукција во 2016 година од ланецот музеј Ripley’s Believe It or Not за речиси 5 милиони долари.
Фустанот првично чинел 12.000 долари и наводно бил толку тесен што неговите рабови и биле сошиени на актерката, па не е изненадување што Ким била подложена на ригорозна диета пред да „влезе во него“.
Имено, познатата старлета ослабе седум килограми за само три недели, се со цел да блесне на церемонијата на „Мет Гала“.
– Мерлин Монро го носеше фустанот кога му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди во 1962 година. Го пробав и едноставно не функционираше. Реков дека ќе ми дадат три недели и ќе ослабам седум килограми. Беше голем предизвик – им рекла Ким на дописниците на „Вог“ на црвениот тепих.