Култниот магазин „National Geographic“ отпушта новинари

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Култниот магазин со стогодишна традиција National Geographic (NG) отпушти новинари на почетокот на неделава. Оваа информација ја објавија токму отпуштените.

Не е познато за колку работници станува збор, но тоа се случило откако сопственикот на магазинот, компанијата „Волт Дизни“ на почетокот на годинава го намалил бројот на работници за неколку илјади.

Портпаролот на магазинот, кој имаше 1,7 милиони претплатници на крајот на минатата година, изјави за Си-Ен-Ен дека месечните изданија ќе продолжат. Списанието повеќе нема да се продава на киосците во САД.

„Овие промени нема да влијаат на нашата способност да ја вршиме нашата работа, но ќе ни дадат поголема флексибилност да раскажуваме различни приказни и да се сретнеме со нашата публика низ голем број платформи. Секоја инсинуација дека промените негативно ќе влијаат на списанието или на квалитетот на известувањето е едноставно неточнa“, рече портпаролот.

Меѓу оние кои објавија дека се отпуштени е и Мајкл Греско. Тој на Твитер објави дека „National Geographic“ се разделува од вработените новинари, што важи и за него.

Според „Гардијан“, уредувачката работа ќе ја вршат хонорарци и неколку преостанати уредници.

Слични содржини