Култниот магазин заминува во историја

380 прегледи

Во екот на пандемијата со коронавирусот, Плејбој објави дека го гаси своето печатено издание, јавуваат американските медиуми. Поради хаосот кој настана во светот поради пандемијата, настанаале потешкотии во работењето и Плејбој одлучил да го угасне своето печатено издание.

Од сега, напознатиот машки магазин, ќе постои само онлајн. Култниот магазин се повлекува од киосците 67 години откако беше создаден.

Магазинот го основа Хју Хефнер, кој почина пред три години.

Во 1953 година, Хефнер го заложил намештајот, зел хипотека и кредит од банка од 600 долари, собрал 8.000 долари од 45 инвеститори и го основал Плејбој.

Магазинот на почетокот требало да се вика Stag Party, но поради постоењето на магазин со слично име, Хефнер го одбрал името Плејбој.

Првиот Плејбој е објавен во декември 1953 година, а на насловната страна се нашла голата фотографија на Мерлин Монро од 1949 година, снимена за календар. Првенецот бил печатен во 70 илјади примероци, а продадени биле 54 илјади. Затоа Хју Хефнер во 1992 година, искеширал 75 илјади долари за да биде погребан покрај Мерлин Монро, иако, доколку ѝ се верува на Википедија, никогаш не ја запознал.

Слични содржини