Култура на мир

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Тешко е да се говори за култура на мир, една година по воената инвазија на Русија врз Украина, каде според Високиот комесаријат за човекови права на ОН, преку 8000 цивили, меѓу нив жени и деца, се жртви на војната а 8 милиони се водат како бегалци. Тешко е да каже дека ниту една политичка цел не вреди човечки живот, во момент кога Украинците жестоко се борат за одбрана на својата земја, пишува Мирјана Малеска за СМК.

Токму во име на жртвите од воените конфликти, се бара и очекува од демократската јавност да продолжи да се залага за култура на мир. Зборуваме за повеќе-дисциплинарен концепт развиен од УНЕСКО, кој интегрира во себе збир активности, во согласност со традиционалните вредности на градење мир: правда, слобода, еднаквост, солидарност, толеранцијата и почит на човечкото достоинство.

Војните меѓу државите и внатрешните конфликти меѓу различни етничко-национални групи во една држава, се постојан придружник на човештвото. Војната е правило а мирот е исклучок кон кој луѓето се стремат, напишал политичкиот мислител, Томас Хобс (1588 –1679).

Мнозина бездруго ќе се сложат со него, како на пример, современиот англиски професор по политика, Кенет Миног кој постарата историја на Европа ја опишува како “време на подготовки за војни, водење војни и лечење на последиците од војните”. Денес се смета дека создавањето еднаквост, хармонија, помирување со минатите трауми и решавање на конфликтите низ процес на создавање на доверба меѓу луѓето и народите ги зголемува нашите шанси да живееме во мир.

Неодамна бев поканета да одржам предавање пред подмладокот на политичките партии, за внатрешните конфликти и како да се избегнат во иднина, Внатрешните конфликти не се помалку опасни од оние меѓу државите. Нив редовно ги следат материјално разорување, цивилни жртви, психички трауми, бранови на бегалци и можност за регионално проширување на конфликтот.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини