322
Полициски службеници околу 03.50 часот на 12.04.2022 го уапсиле 29-годишниот Е.Б. од Куманово.
Е.Б. се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во деловен објект на улица „Гоце Делчев“ од каде одзел повеќе предмети.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.