СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(56) од Куманово поради сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавената ја злоупотребила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете на тој начин што нејзината малолетна ќерка ја присилила на работа што не одговора на нејзината возраст, односно ја наведувала на питачење.