Денес во Кривичниот суд започна судењето на Гордана Филиповиќ од Куманово која во јануари лани усмрти пешак пред мостот Гоце Делчев во Скопје.
Таа се изјасни дека не се чувствува виновна за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, за што е обвинета, и побара кривичното дело да биде преквалификувано како чин на небрежност.
Со ова не се согласи обвинителката Сања Бурјаковска-Китановска и рече дека ќе докаже дека Филиповиќ е виновна. Следното рочиште е закажано за 6 март кога треба и да започне изведувањето на доказите од двете страни.
Обвинетата е мајка на Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа.