(ВИДЕО) Кумановката Мартија го дигна жирито на нозе во солзи со изведба на Сем Смит

од Vladimir Zorba
191 прегледи

11 годишната Мартија од Куманово, која со секоја своја изведба ги воодушевуваше жирито и публиката на „Пинкови ѕвездички“, овој пат со изведбата на хитот на Сем Смит, а воедно и саундтрак за последниот филм на Џемс Бонд, “Writings on the Wall“, потполно ја покори сцената.Martija-Stanojković-Writings-On-The-Wall

Таа не само што ги доби сите 5 столици и влезе директно во петтиот круг, ги дигна членовите на жирито на нозе и го расплака  дури и Милан, кој важи за “најстрог и цврст судија“ во натпреварот.

(ЕКСЛУЗИВНО ВИДЕО) Мартија денес на Пинк, а ѕвезда уште од 6 години

Гоца Тржан, по настапот дојде на бината да ја прегрне Мартија и го “прогласи натпреварот за завршен“, а сите останати едногласно потврдија дека младото девојче е најизвонредната учесничка која маестрално го владее гласот и е просто неверојатна нејзината умешност и Capture-6комплетност за таа млада возраст.