Куновска смета дека Договорот за добрососедство со Бугарија е прекршен

од Берта Китинска
193 прегледи

Договорот за добрососедство со Република Бугарија е прекршен во најмалку два члена, што е основа за раскинување на истиот, тврди Софија Куновска, поранешна пратеничка на СДСМ, после минатиот „ванчомихајловистички викенд” во Битола.

„Член 8, точка 3: Двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности. Член 11, точка 1: Ниту една од договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер. Државна делегација на Република Бугарија, предвоена од премиерот Кирил Петков, во саботата присуствуваше на промоцијата на клубот ‘Иван Михајлов‘ во Битола. Иван Ванчо Михајлов е познат по својата ролја на соработник на фашистите во Втората светска војна и несуден квислинг, односно творец на независна македонска држава под закрила на Третиот рајх“, пишува Куновска.

Слични содржини