Куп тепачки низ Македонија, настрадале малолетници и млади луѓе

од desk2
196 прегледи

Во повеќе тепачки во Битола, Македонска Каменица, Скопје и струшки села, настрадале повеќе луѓе на возраст од 14 до 39 години.

Во саботата, во 00.25 часот во СВР Битола, Н.Е.(38) од Битола пријави дека на 22 февруари 2019 година околу 23.00 часот пред кафе бар лоциран во Центарот за култура неговиот 14-годишен син физички бил нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во петокот пак, во 11.10 часот било пријавено дека во кругот на Медицинскиот центар Струга лицето А.М.(34) село Корошишта, струшко, било физички нападнато од лицето Н.Ќ. од село Биџево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 21.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во угостителски објект на улица „Самоилова“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Д.С.(38) и Д.С.(39), двајцата од Македонска Каменица. На двајцата им биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во саботата во 3 часот по полноќ во СВР Скопје полициски службеник пријавил дека при извршување работни задачи, околу 00.40 часот на улица „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, физички бил нападнат од лицето А.Д.(30) од село Страхојадица, општина Зелениково-Скопје. според пријавата, А.Д. го нападнал полицискиот службеник откако му бил издаден налог за глоба за сторен сообраќаен прекршок. Лицето било лишено од слобода и приведено во Полициската станица Центар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 2.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Т.Д.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот, додека излегувал од обложувалница на улица „Кемал Сејфула“, бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во петокот, во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.К.(22) од Скопје пријави дека истиот ден околу 15.15 часот на улица „Никола Парапунов“ во Скопје бил физички нападнат од непознато лице поради недоразбирање во сообраќајот. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.