Принцот Вилијам ги изненади обожавателите на кралското семејство додека делеше веге хамбургери во новото видео објавено од онлајн заедницата за готвење Sorted Food.
Плескавиците се направени со состојки наградени со наградата The Earthshot Prize, иницијатива започната од принцот Вилијам во 2020 година, која „трага по извонредни решенија за најголемите светски еколошки предизвици“.
Во видеото, идниот монарх прави и дели хамбургери со зачинето „месо“ на база на компир, ароматизирано со кромид, ѓумбир и чили, заедно со кисели зеленчуци послужени во лепче и тоа од камион со храна паркиран во Лондон.
Во една сцена, принцот Вилијам, во светло сина кошула, се свртува од скарата на камионот за да им послужи хамбургер на некои изненадени обожаватели, велејќи им: „Наскоро доаѓа!“. Четворицата клиенти се погледнаа со подотворени усти кога го видоа идниот крал на Англија.
„Бев шокиран“, признал пред камерата еден од муштериите и додал дека „замрзнал“, додека друг се запрашал дали „сонува“. Тој продолжи да им кажува на секој од клиентите за наградата Earthshot и детално објасни како точно се правеле хамбургерите тој ден.
„Дојдете и земи ги своите хамбургери“, рече принцот додека ги делеше плескавиците кои беа сервирани во бела кутија направена од Нотпла, која своите производи ги пакува со облога од алги наместо со пластика.