Купувачот дошол со добитен тикет, продавачот го украл и побегнал: Познат епилог за бизарната кражба во Италија

од Берта Китинска
235 прегледи

Италијанската погранична полиција на главниот аеродром во Рим денеска спречи да се качи на летот сопственикот на продавница од Неапол, кој е осомничен дека избегал со добитен тикет за лотарија кој го украл од својот клиент, пренесуваат италијанските медиуми.

Тикето кој носел добивка од 500.000 евра не бил пронајден, а осомничениот имал авионска карта за Канарските Острови, пренесува АП.

Неидентификуван маж, наводно, го украл добитниот тикет и избегал, откако клиентот, постара жена, побарала од продавница во Неапол да и ја потврди добивката на најголемата награда во „Изгреби и доби“.

Слични содржини