Рекордната цена на свежата храна изненади многу потрошувачи во Германија.
Краставиците, на пример, чинат многу повеќе отколку што всушност се навикнати купувачите од супермаркетите. А кога станува збор за пиперките, многумина добро размислуваат пред да купат.
Жена која купувала во Лидл во Хамбург фотографирала пиперки и краставици во својата количка и ја објавила таа фотографија на Твитер, јавуваат германските медиуми.
„Денес во Лидл. Можете ли да ја погодите цената?“, напиша таа. Нејзината објава доби повеќе од 500 коментари, пишува магазинот „Феникс“.
Коментарите под објавата беа навистина измешани. Повеќето од нив беа саркастични.
„Мораш ли толку бесрамно да го покажуваш своето богатство?“, коментира еден корисник на Твитер.
Друг корисник коментирал дека жената ги купила најскапите работи за да добие неколку „лајкови“ на социјалните мрежи.
Heute bei Lidl.
Wer schätzt den Preis? pic.twitter.com/UYoX9SFFsr— Sue-Ellen trinkt wieder (@SueEllen_Ewing) March 2, 2023
Многу корисници на Твитер навистина погодуваа која е цената на содржината на количката. „Речиси 20 евра. Краставиците и авокадото се скапи, кромидот е исто така загрижувачки скап“, навел еден корисник.
Некои истакнуваат дека краставиците кои жената ги купила се органски.
„Органските краставици чинат само 10 центи повеќе“, објаснува купувачот.
А колку пари чинеше споменатиот зеленчук?
Сè чинело 17,31 евра, открила жената и ја приложила сметката од купувањето.
„И мислам дека е шокантно што не сте шокирани“, додава таа.
Како што можете да видите на сметката, само пиперката чини 5,16 евра.
Пиперката од „Лидл“ не е единствениот зеленчук чија цена неодамна ги изненади германските клиенти. „Едека“ неодамна продаваше краставици по цена од 3,29 евра.