Куратори од музејот Прадо во Мадрид изгледа ја донесоа конечната пресуда за сликата „Салватор Мунди“. Ова дело од моментот кога се појави предизвика бројни контроверзии и дебати за тоа дали е вистинскиот Леонардo. Во ноември 2017 година, сликата, која беше наведена како автентичен Леонардо, ја купи саудискиот министер за култура, принцот Бадр бин Абдула, за рекордни 450 милиони долари.
Но, кураторите од Прадо не се согласуваат со нивните колеги и сите оние експерти кои тврдеа дека „Салватор Мунди“ е оригиналното дело на познатиот ренесансен уметник. Во каталогот на изложбата во Прадо со наслов „Леонардо и копии од Мона Лиза“, која може да се види во Мадрид до 23 јануари 2022 година и која се фокусира на копија на Мона Лиза од тој музеј, но се занимава и со верзии на други дела на Леонардо, ја доведуваат во прашање автентичноста на саудиската слика, што е и најостра критика од страна на еден водечки музеј.
Оценката на Прадо е забележана во списокот на дела во кои сликата се чува како дело „припишано на работилницата или овластено или надгледувано од Леонардо“, наречено верзија на Кок, бидејќи во 1900 година била купена од Френсис Кок од Лондон.
Кураторот на Прадо, Ана Гонзалес Мозо, во својот текст коментира дека некои експерти веруваат дека денес има изгубен прототип на сликата, додека други сметаат дека верзијата на Кок „за која многу се зборуваше“ е оригиналот. Сепак, таа тврди дека „нема прототип на Леонардо“. Мозо сугерира дека друга копија од сликата на Салватор Мунди, таканаречената Ганаи верзија (1505-1515), е најблиску до изгубениот оригинал на Леонардо. Беше купен од Маркиз де Ганаи во 1939 година, продаден во 1999 година и сега е во анонимна приватна колекција.
Кураторот тврди дека вештиот уметник од работилницата на Леонардо, кој ја насликал верзијата на Ганаи на сликата на Салватор Мунди, е одговорен и за раната копија на Мона Лиза (1507-1516) чувана во Прадо. Интересно е што каталогот ја репродуцира верзијата на Ганаи на целата страница, а за верзијата на Кок воопшто нема илустрација.