Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвинувања за корупција, поврзани со изборна кампања и манипулација на гласачкото тело со јавни средства.

Ова е во прилог на тековните истраги на специјалниот обвинител поврзани со корупција и поткуп што се водат против него, пренесува „Еурактив“.

Курц, кој во два наврати беше канцелар на Австрија, моментално е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување на различни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот.

Сега обвинителството го истражува Фондот за австриски интеграции, поради незаконско користење на буџетот за маркетинг на јавната институција, со намера да ја унапреди политичката агенда на Курц, објави магазинот „Профил“.

Портпаролот на поранешниот австриски канцелар најави дека станува збор за „измислени обвинувања кои немаат основа“. Курц поднесе оставка како канцелар откако истрагата на обвинителството започна во октомври 2021 година.

Обвинувањата датираат од 2016 година, кога тој се уште беше министер за надворешни работи. Според обвинителството, министерството за финансии користело и пари од даноци за да плати за анкети кои го прикажувале Курц во позитивно светло.

Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последниве години, почнувајќи од аферата Ибица што доведе до пад на владата во 2019 година. Како резултат на тоа, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на Транспаренси интернешнал за 2022 година и е на последните 20 места на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, според бриселскиот портал.

Слични содржини