Курти ги повика граѓаните на Косово: Не го глорифицирајте затворскиот бегалец Фатон Хајризи

од Илинка Илиоска
70 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика граѓаните на земјата да не наседнуваат на еуфоријата од хероизацијата и романтизирањето на Фатон Хајризи, косовски државјанин и бегалец од затвор, кој неодамна беше убиен во Србија, откако беше осомничен за убиство на еден и ранување на уште еден српски полицаец.

Курти на седницата на Владата на Косово рече дека за расветлување на околностите поврзани со неодамнешното бегство на Хајризи од затворот во Смрековница на Косово до бегството во Србија и пријавеното убиство, потребна е локална и меѓународна истрага.

Тој истакна дека вистинскиот херој во Република Косово е наредникот Африм Буњаку, кој беше убиен лани во Бањска.

„Патриот во Република Косово е наредникот Африм Буњаку, убиен во Бањска. Патриоти се 23 припадници на полицијата кои паднаа на должност кои ја докажаа својата посветеност на служба до пожртвуваност. Оваа недела, на 26 јули, трета година по ред го одбележуваме како спомен ден на полицајците кои паднаа на должност, датум кој се поклопува со смртта на уште еден патриот, херојот Енвер Зимбери, кој е убиен во Зубк на Зубин Поток во 2011 година“, рече Курти.

Потоа го повтори повикот до органите одговорни за расветлување на сите овие случаи и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Слични содржини