Портпаролот на ЕУ, Питер Стано изјави дека во моментот во Брисел се водат разговори со премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, за прифатливите датуми за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„ЕУ е подготвена да го продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, веднаш штом двете страни се договорат за взаемно прифатливи датуми и агенди“, рече Стано за „Танјуг“.
На прашањето за одбивањето на Албин Курти да дојде на новата рунда дијалог, што шефот на дипломатијата на ЕУ, Хосеп Борел го најави за 11 мај, Стано истакна дека „во моментот“ за ова се разговара на состанокот на Борел и Курти.
„Веќе разговаравме со претседателот (Александар) Вучиќ. Се надевам дека наскоро ќе имаме поголема јасност за следните чекори и датуми“, изјави Стано.