Косовскиот премиер Албин Курти го свика Советот за национална безбедност поради алармантната ситуација со коронавирусот.
Курти денеска требаше да отпатува за Австрија, каде што беше поканет да учествува на Европскиот форум „Албах 2021“.
Во соопштението од кабинетот на премиерот на Косово се наведува дека седницата на Советот за национална безбедност е закажана за попладне поради големиот број смртни случаи, но и новите инфекции од коронавирусот.