Курти ја повика Словачка да ја признае независноста на Косово

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес се состана со шефот на словачката канцеларија за врски во Приштина, Растислав Костилник.

Курти од него побара Словачка да ја признае независноста на Косово.

Во исто време, Курти го поздрави интересот на Словачка за дијалогот со Белград и истакна дека тој мора да биде добро подготвен, со трансатлантски пристап и воден од демократските вредности.

Курти му се заблагодари на Костилник за поддршката на неговата земја за Приштина во врска со визната либерализација и побара поддршка од Словачка при аплицирање за членство на Приштина во НАТО и меѓународните организации.

Слични содржини