Курти: На северот од Косово „Ноќни волци“ извикуваа „молете се на Бога и држете се до Русија“

од Nikola Popovski
211 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти побарал зголемување на силите на КФОР на Косово. Курти во интервју за германски „Ди Велт“ изјавил дека зголемувањето на војниците и воената опрема на НАТО ќе помогне за мирот на Западен Балкан, пренесува порталот „Коссев“.

– Значително зголемување на бројот на војници и воена опрема на НАТО во нашата земја би ја подобрило безбедноста и мирот на Косово и на Западен Балкан – изјави Курти, пишува „Коссев“.

Тој рекол дека Косово го зголемило буџетот за одбрана, како и бројот на резервни војници.

– Зголемувањето на бројот на војници во мировните сили на НАТО – КФОР, би ги поддржало нашите напори во одбранбена смисла – нагласил Курти.

Во моментов на Косово има околу 3.800 војници на КФОР, од кои околу 70 Германци. Според одлуката на германскиот Бундестаг, на Косово итно може да бидат испратени до 400 дополнителни војници.

– Германските војници се секако добредојдени во Косово –вели Курти.

Ситуацијата на Косово е тензична во последните недели, кога Србите на север поставија барикади, блокирајќи ги патиштата што водат до премините Јариње и Брњак, кои беа отстранети по речиси две недели минатата недела.

– Шеснаесет барикади во четири северни општини и луѓе со маски и ознаки на платеничките сили „Вагнер“ и „Ноќни волци“ во црни униформи и со знамиња кои извикуваат „Молете се на Бога и држете се до Русија“, како и акумулација на српски војници. и артилерија долж границата со Косово и континуираните изјави на српската и руската држава создаваат потреба од дополнителни трупи на НАТО – потенцирал Курти.

Слични содржини