Курти на следните избори очекува поголема победа од онаа на последните кога освои над 50 отсто од гласовите

од Илинка Илиоска
397 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изрази уверување дека на следните избори, кои треба да се одржат во февруари 2025-та, неговата партија, Движење самоопределување (Ветвендосје), ќе забележи повисок резултат од оној на минатите избори, кога освои околу 51 отсто од гласовите.

Во синоќешното интервју за албанската телевизија А2 Њуз, Курти рече дека не верува во анкетите на опозициските партии кои го покажуваат Ветвендосје како губитник на претстојните избори.

„Верувам дека на следните избори ќе излеземе уште посилни одошто на оние во февруари 2021 година“, изјави косовскиот премиер.

Запрашан зошто пропаднаа разговорите за одржување предвремени избори, Курти рече дека другите опозициски партии го отфрлиле предлогот на Демократската партија на Косово (ПДК) за распуштање на парламентот, за што според него, Ветвендосје целосно се согласило.

„Од моментот кога бев во последната година на власт, бев заинтересиран да се сретнам со опозицијата и да разговараме за месецот и сезоната на изборите. Не одговорија позитивно на мојата покана. Првиот човек на ПДК Мемли Красниќи ја даде идејата за распуштање на Собранието и ако опозицијата би се согласила, и Ветвендосје би била за. За мене во последната година од власта не е важно во кој месец ќе се одржат изборите, но општо познато е дека во Косово изборите се одржуваат или на пролет или на есен. Ако мандатот оди до крај, паѓа да се одржат во зима. Но, јас верував дека пологично е традицијата да продолжи и да се одржат напролет или на есен, во координација со опозицијата“, изјави Курти.

Слични содржини