Курти: ОВК нападна за да ја пробие границата меѓу Албанија и Косово

од Nikola Popovski
180 прегледи

„Во историјата на војната за ослободување на Косово, битката на Кошара може да се гледа и како панорама на сите битки, во која може да се прочитаат заедничките карактеристики на двете завојувани страни: Оние од ОВК на кои во борбата за ослободување на Косово од Србија, им помогнале нивните соборци од Албанија, како и која со својата праведна борба за слобода во овој случај доби и поддршка од странски доброволци, но пред се од НАТО алијансата која го забрза целосното ослободување на Косово. Од друга страна, на оние кои се бореа во неправедна битка и за земја која не беше нивна, српските сили, за кои битката на Кошара беше пекол на земјата“, порачал косовскиот премиер Албин Курти на 24-годишнината од почетокот на Битка за Кошара.

Според него, со својата големина во битката, војниците и територијалниот обем, битката на Кошара е една од најголемите и најважните во, како што вели, нивната борба за слобода.

-Битката на Кошара ѝ гарантираше на Ослободителната војска на Косово една од најпосебните заслуги во војната, а тоа е пробивањето на границата меѓу Република Албанија и Југославија, воспоставена во 1913 година и неколкупати обновувана низ годините, што ги одвои Албанците речиси еден век, објавил Курти.

Битката на Кошара беше битка помеѓу припадниците на Југословенската армија и припадниците на Ослободителната војска на Косово, поддржани од редовната албанска армија и авијацијата на НАТО. Битката се водела околу граничниот премин Раса Кошарес на границата на СР Југославија и Република Албанија помеѓу 9 април и 10 јуни 1999 година, за време на бомбардирањето на СРЈ од страна на НАТО.

Целта на нападот од албанска страна (операција „Стрела“) била да се изврши копнена инвазија на Косово и Метохија и да се прекине комуникацијата меѓу единиците на ВЈ во Ѓаковица и Призрен. Исто така, друга цел била да се окупира поширокото подрачје на Метохија.

Слични содржини