Курти: Почетокот на бомбардирањето на НАТО беше зората на ослободувањето на Косово

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти на својот профил на Фејсбук напиша дека 24 март 1999 година е „зора на ослободувањето на Косово“.

„Бевме среќни. Вечерта на 24 март 1999 година го означи почетокот на бомбардирањето на НАТО врз вооружените сили на Југославија на Милошевиќ“, напиша Курти на социјалната мрежа.

Тој додаде дека на „жртвите на нашиот народ, крвта, ќерките и синовите на нашиот народ“ имсе случи „најголемиот светски сојуз во историјата“.

Посочи и дека пролетта пред 22 години „беа нанесени многу загуби, страдања и штети на луѓето во нашата земја“ и додаде дека во следните 78 дена, косовските Албанци ќе се сетат со тага, како што рече тој, на „жртвите на српскиот геноцид “.

Слични содржини