Косовската влада има за цел да постигне договор со Србија и да ги нормализира односите во 2022 година, изјави премиерот Албин Курти, пренесува „Економија онлајн“.
Курти во интервју за ТВ Кљан Косова рекол дека косовската влада е подготвена да постигне договор, но дека тоа многу повеќе зависи од Србија.
„Договор што не подразбира меѓусебно признавање како центар на содржина, се разбира, за нас не е прифатлив, но како таков никому не е од корист. Постигнувањето конечен договор ќе биде од корист за двете земји, бидејќи процесот на интеграција во ЕУ ќе се забрза“, рече Курти.
Курти напомена дека Србија сака да го продолжи европскиот пат, но дека тоа не е можно без признавање на Косово, а од друга страна, Косово сака европски и евроатлански интеграции, а тоа бара целосна нормализација.
Косовскиот премиер додаде дека Србија има дилеми, бидејќи има договор за слободна трговија со Русија, купува оружје од Русија и е членка на Евроазиската економска унија, пренесува „Косово онлајн“.