Курти: Политичарите не преговараат за одлуките на независните институции

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека политичарите не можат да преговараат за носењето на одлуки на независните институции.

Тој, на прес-конференцијата за уредбата на Централна банка на Косово (ЦБК), со која се забранува користење на динарот, посочи дека ЦБК е независна институција врз која не можат да влијаат политичарите.

ЦБК е независна институција на Косово, политичарите не можат да ги преклопуваат независните институции на државата, затоа што на тој начин го губиме карактерот на демократска република, посочи Курти.

Слични содржини