161
Во интервју за португалската телевизија RTPO, премиерот на Косово, Албин Курти, го повтори ставот дека најмладата балканска држава мора итно да влезе во ЕУ и НАТО, а членството на Приштина е неопходно поради заканата што, како што тврди, „Русија ја претставува на Балканот, а преку Србија“.
Премиерот посочи и дека ја смета Португалија за пријателска и сојузничка земја, која, како што рече, „може да му помогне на Косово во процесот на признавање, особено кога станува збор за Шпанија“, пренесе „Репортери“.
Курти смета дека Шпанија, која е една од членките на ЕУ која не ја признава независноста на Косово, треба барем да го признае косовскиот пасош и да отвори канцеларија за врски во Приштина.