Курти пристигна во Славонски Брод, со Пленковиќ во посета на повредените

од Stefanija Kuzmanovska
425 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти пристигна во Славонски Брод околу 20 часот, каде се состана со Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска.

Двајцата во моментов се во посета на повредените во болницата во Славонски Брод.

Претходно, Пленковиќ рече дека Владата на Хрватска ќе стори се што може за да им помогне на жртвите.

Утрово 10 лица загинаа во Славонски Брод, а 44 се повредени откако автобусот излета на патот.

 

 

Слични содржини