Курти разговарал со американски сенатори за Бањска

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, разговарал со американските сенатори Жан Шахин и Питер Велч, а на средбата станало збор за ситуацијата во Косово по настаните во селото Бањска на 24 септември.

Курти изјави дека властите во Приштина треба да соработуваат со меѓународните актери, особено со САД, за да спречат вакви напади да се повторат во иднина.

Американските сенатори изјавиле дека одговорните за нападот на 24 септември треба да одговараат и дека треба да се утврдат сите околности на настанот, пренесува приштински „Репортери“.

Слични содржини