150
Премиерот на Косово, Албин Курти денеска во Брисел разговараше со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан – Габриел Ескобар.
Како што јави известувачот на Танјуг од Брисел, двајцата разговарале пред новата рунда на дијалог на високо ниво, која започна во 18 часот.
Денешната средба во Брисел е закажана на иницијатива на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, а на неа ќе присуствуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ и Курти, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина – Мирослав Лајчак.