Косово и Србија немаат друга алтернатива освен да постигнат конечен договор за нормализација на односите, изјави косовскиот премиер Албин Курти во интервју за Блумберг и додаде дека е дојдено време тоа да се направи за време на неговиот мандат, пренесува Љајми.
Треба да имаме договор, а времето е зрело за време на мандатот на нашата влада. Гледам можност. Оваа есен ќе биде одлучувачка за да видиме дали треба да бидеме оптимисти, рече Курти.
Курти изјави дека гледа потенцијал за договор во плејадата администрации на чело со американскиот претседател Џозеф Бајден, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Косово и Србија немаат друга алтернатива освен да постигнат конечен договор за нормализација на односите, изјави косовскиот премиер Аљбин Курти во интервју за Блумберг и додаде дека е дојдено време тоа да се направи за време на неговиот мандат, пренесува Љајми.
Треба да имаме договор, а времето е зрело за време на мандатот на нашата влада. Гледам можност. Оваа есен ќе биде одлучувачка за да видиме дали треба да бидеме оптимисти, рече Курти.
Курти изјави дека гледа потенцијал за договор во плејадата администрации на чело со американскиот претседател Џозеф Бајден, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој посочи дека негова најголема грижа е што Вучиќ се уште не се оградил доволно од своето минато, кога беше министер за информации за време на владеењето на Слободан Милошевиќ.
Курти рече дека одлуката за регистарските таблички и личните документи нема повеќе да се одложува, додавајќи дека очекува 1 септември „да биде мирен и обичен ден“.
„Доколку ситуацијата ескалира во насилство, полицијата и мировните сили на НАТО со 3.800 припадници на КФОР ќе стават крај“, рече Курти, пренесува Косово онлајн.