Курти: Спроведување на одлуката за регистарски таблички ќе се воведува постепено, забрана од април

од Берта Китинска
208 прегледи

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека одлуката за пререгистрација на автомобилските таблички ќе се воведува постепено, а конечната имплементација ќе започне на 21 април.

Водевме внатрешни разговори и со министерството и другите безбедносни органи дојдовме до заклучок дека ќе предложиме одлука со која постепено ќе дејствуваме во однос на санкциите при спроведувањето на оваа одлука“, рече Курти.

Тој прецизираше дека од 1 ноември до 21 ноември ќе се изрече мерка предупредување, потоа од 21 до 21 јануари ќе се изрече глоба, а од 21 јануари ќе има пробни таблички уште два месеци, по што од април 21 „други регистарски таблички во Република Косово“ нема да бидат дозволени.

„Значи, во оваа прилика и со оваа одлука уште еднаш ја покажуваме нашата сериозност несомнено да ја спроведеме одлуката што ја донесовме, но во исто време им даваме шанса на сите кои се заинтересирани да се интегрираат“, рече косовскиот премиер.

Слични содржини