250
Премиерот на Косово, Албин Курти, вели дека Србија се вооружува и дека тоа го прави, „бидејќи се плаши да не остане сама“, како и дека буџетот на Косовските безбедносни сили (КБС) се зголемил во претходната година поради вооружувањето на Србија, јавува „Клан Косова“.
„Србија е во паника, затоа што сфаќа дека повеќе не може да биде на три-четири места истовремено, се обидува да се зајакне бидејќи може да остане сама“, смета Курти.
Според него, продолжувањето на вооружувањето на Србија „не е безопасно за регионот и Косово“, но од друга страна, како што тврди, тоа е „израз на страв дека би можеле да бидат оставени сами на себе“.