Курти во Брисел: Изразив загриженост за заплашување и закани кон Косово

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека во Брисел ја изразил својата загриженост за, како што рече, континуираните заплашувања и закани кон Косово.

Курти на платформата „Х“ изјави дека ја потврдил посветеноста на Косово за продлабочување на односите со ЕУ и унапредување на аспирациите за членство, пренесе Косово онлајн.

„За време на нашата билатерална средба и заедничка вечера со Шестмината од Западен Балкан, потпретседателката Каја Калас и комесарката Марта Кос, ја изразив мојата загриженост за континуираното заплашување и заканите за нашата безбедност, вклучително и неодамнешниот терористички напад врз нашата критична инфраструктура, и повикав за одговорност“, напиша тој на Курти.

Тој додаде дека регионалната соработка мора да се заснова на добрососедски односи, кои бараат взаемно признавање и почитување, одговорност и заедничка посветеност на мирот.

Слични содржини